Започна судењето на Алек Болдвин: Бараше да му донесат најголем пиштол

10.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Започна судењето на Алек Болдвин: Бараше да му донесат најголем пиштол

На Болдвин му се суди за смртоносно застрелување на снимателката Халина Хачинс во 2021 година додека го снимаше вестернот „Раст“. Хачинс загинала кога бил испукан вистински куршум од репликата на револверот Colt .45 со кој вежбал Болдвин. На сетот беше ранет и режисерот Џоел Соуза.

Доколку биде прогласен за виновен, на Болдвин му се заканува затворска казна до 18 месеци. Актерот се изјаснил за невин и рекол дека не знаел дека во пиштолот имало вистински куршум.

Обвинителите на судењето рекоа дека Болдвин го побарал „најголемиот пиштол на располагање“ на снимањето. Обвинителката Ерлинда Џонсон ја опиша жртвата, камерманката Халина Хачинс, како „живописна...ѕвезда во подем“.

„Доказите ќе покажат дека Алек Болдвин бил несовесен за време на продукцијата на филмот и дека пред да пристигне на сетот побарал да му биде доделен најголемиот пиштол на располагање“, рече обвинителот. „Тоа беше вистински пиштол, а не играчка, а Болдвин ракуваше со огненото оружје без безбедносна проверка“, додаде таа.

Таа потоа рече дека Хана Гутиерез му предала празен пиштол на Болдвин. Откако ѝ го вратил, таа го наполнила со лажни куршуми и му го вратила на актерот. „Лажните куршуми изгледаат како вистински куршуми, но лесно се препознаваат бидејќи штракаат“, рече таа. „Но, еден од куршумите што заврши во пиштолот беше вистински“, додаде таа, заклучувајќи дека Болдвин е одговорен што не направил уште една безбедносна проверка.

Безбедносните правила на филмскиот сет налагаат актерите да го третираат секој пиштол како да е вистински и наполнет и никогаш да не го вперуваат кон друго лице и никогаш да не го ставаат прстот на чкрапалото. „На денот на пукањето, Болдвин ги прекршил безбедносните правила“, заклучила таа.

Пред судот се обрати и бранителот на Алек Болдвин, Алекс Спиро.

Тој рече дека она што се случи со Халина Хачинс е „неискажлива трагедија“. „Но, Алек Болдвин не направи никакво злосторство. Тој беше актер, глумеше“, рече Спиро. „Луѓето од сетот Руст кои беа одговорни за безбедноста не ги исполнија своите должности. Болдвин не е одговорен за тоа“, додаде тој.

Тој вели дека основното прашање на кое треба да се одговори е - како вистинскиот куршум завршил на сетот? „Доказите ќе покажат дека вистинските куршуми никогаш не треба да бидат на филмските сетови“, рече тој.

Обвинителите имаат две опции да го докажат обвинението. Едната се заснова на несовесна употреба на огнено оружје, а другата се заснова на докажување на разумно сомневање дека Болдвин целосно ја игнорирал безбедноста на другите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата