Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

16.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ

Драма во текот на ноќта во елитната населба во белград,  Бежанијска коса, каде интервенирала полицијата и екипа на итната помош 

Џип во сопственост на мегапопуларната пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг, продуцентот и менаџер Филип Живојиновиќ бил запален во текот на ноќта на Бежанијска коса, пред нивниот семеен дом.

Автомобилот бил паркиран во непосредна близина на куќата на Александра и Филип, а пламените јазици го зафатиле возилото што се наоѓало до џипот.

Полициските службеници набргу започнале со истрага и прибирање траги што би можеле да помогнат во расветлувањето на сите околности на овој инцидент.

Сега влезот во семејниот дом  на Прија и Филип е обезбеден од припадници на полицијата, а ролетните на прозорците од куќата се спуштени. Засега сè уште нема официјални информации за тоа како се случил инцидентот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата