Во рок од само четири дена почина уште еден член на легендарните „Би Џиз“

20.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во рок од само четири дена почина уште еден член на легендарните „Би Џиз“

Музичарот свиреше со бендот помеѓу 1973 и 1981 година и почина во Нешвил во четвртокот, на 14 ноември, само четири дена пред смртта на колегата од бендот Колин „Смајли“ Петерсен на 78-годишна возраст.

Веста за смртта на Денис ја објави колегата музичар Блу Вивер, кој свиреше со него во велшката рок група Амен Корнер.

Тој на својот Фејсбук ја откри поразителната вест и изрази шокираност и тага, објавувајќи:

- Во моментов сум изгубен, немам зборови... Денис почина - напиша тој и продолжи:

- Кејт, сопругата на Денис само ми се јави и ме праша дали ќе ги известам сите мои пријатели и обожаватели. Ова беше таков шок.

Да потсетиме, музичарот и продуцент, Колин Петерсен, почина на 18 ноември, на 78-годишна возраст, само четири дена по неговиот колега чија смрт беше држена во тајност.

Колин одигра клучна улога во успехот на познатата група „Bee Gees“, како оригинален тапанар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата