Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во својата кариера на турнирот во сала во Атина, победувајќи го Италијанецот Лоренцо Мусети (АТП - 9-ти) во финалето со 4:6, 6:3, 7:5 и со тоа, па на 38 години и пет месеци, стана најстариот победник откако е воспоставена АТП листата во 1990 година.
Ова е 72-ра титула на српскиот тенисер на тврда подлога, со што го престигна Роџер Федерер (71) и стана најуспешен во Опен ерата на таа ранг-листа и го додаде тој рекорд на многуте што веќе ги поседуваше.
Вин Дизел му честиташе
На Ѓоковиќ му честитаа многумина по победата во Атина, вклучувајќи го и холивудскиот актер Вин Дизел. Тој објави фотографија со тенисерот кого го нарекува свој „брат“.
„Честитки до мојот брат Новак Ѓоковиќ. Големината не се постигнува само така, туку се заработува со дисциплина и се дефинира со срце. Ти ги отелотвори и двете“, напиша Вин Дизел.
Шеги во коментарите
Сопругата на Новак, Јелена, исто така се вклучи, оставајќи емотикони од срца, дланки што покажуваат благодарност и српското знаме.
Објавата, исто така, инспирираше многумина да се пошегуваат. „Најголемиот успех на Вин Дизел во животот“, „Браво Вин брате“, „Вин Дизел е од Република Српска, ако не се лажам“, „Винко Дизелчиќ и Ноле Ѓоковиќ“, се некои од коментарите.

