Видео: Во Венеција протести поради венчавката на милијардерот Џеф Безос

27.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Во Венеција протести поради венчавката на милијардерот Џеф Безос

Со денови жителите на Венеција протестираат и лепат плакати против милијардерот Безос. 

Свадбата е проследена, со големо внимание  посебно откако се дозна дека двојката веќе се венчала, а опсадата на Венеција што ја направија Лорен Санчез и Џеф Безос е силно критикувана.

На многумина им пречи што „се однесуваат како градот да е место за изнајмување и како сè да треба да биде подредено на нивната свадба“. Но, според  месното население тажната вистина е дека се извлекуваат за тоа - токму поради парите.

Во понеделник, членовите на Гринпис развија огромен транспарент на плоштадот Свети Марко, иконското срце на Венеција, со слика од Безос и натпис: „Ако можете да ја изнајмите Венеција за вашата свадба, тогаш можете да платите повеќе даноци“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата