Мегапопуларната пејачка го следеше големото финале на Суперболот, каде победи тимот на нејзиното момче, а Тејлор беше во центарот на вниманието поради еден нејзин неочекуван потег.
Свифт е „уловена“ од камерите како пие чаша пиво на екс.
Тејлор Свифт го привлече вниманието на папараците на Суперболот, одржан синоќа во Лас Вегас, Тејлор од ложата на стадионот се радуваше на триумфот на тимот на нејзиното момче Тревис Келси.
Најпопуларната пејачка на светот во моментов носеше црни фармерки и црн корсет, а носеше чанта во форма на топка и ланче со бројот 87, кои нејзиното момче го носи на својот дрес.
Taylor Swift just chugged a beer when she was shown on the video board at the Super Bowl . pic.twitter.com/LPn55wWDBc
— Ari Meirov (@MySportsUpdate) February 12, 2024
Сите зборуваат за ова видео - Тејлор „испи чаша пиво на екс“, а потоа ја тресна чашата на оградата, што изненади многумина од обично „умерената“ пејачка!