Редфорд (денес 88-годишен) и Мартин глумат затвореници кои играат шах, покрај главниот лик - навахо полицаецот Џо Лифорн (Зан Мекларнон), кој немаше ништо друго освен пофалби за нив.
- Роберт и Џорџ се прекрасни човечки суштества... Го минав викендот со Роберт, а седењето и разговорот со него беше како остварен сон. Тој беше мојот личен херој додека растев, рече домородноамериканскиот глумец.
Според „Валчр“ (Vulture), сцената со Роберт и Џорџ била направена на затворено снимање, како што побарал Редфорд. Режисерот на епизодата, Крис Ејр рече дека замислата тие да одглумат макар неколку минути, е присутна уште од првата сезона.
- Боб е толку љубезен и беше така симпатичен тој ден, а исто така, и Џорџ. Но, се сеќавам дека Зан се сврте кон мене пред да почнеме да снимаме и ми рече: „Ти правиш сцена со Роберт Редфорд - тоа е неверојатно". А, јас реков: „Зан, те молам биди тивок. Ме правиш нервозен", ракажува режисерот.
Во 2018 година Редфорд објави дека се пензионира, а потоа ја повлече изјавата. Последната улога на Роберт пред ова беше во суперхеројскиот „Одмаздници: Крај на играта“ во 2019 година, но сѐ уште е во филмската индустрија, претежно - зад камерите.