Видео: Мадона ги поддржа протестите во Нови Сад

2.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Мадона ги поддржа протестите во Нови Сад

Блокадата на мостот на слободата трае 24 часа, а како што пренесоа српските медиуми, студентите ќе одлучат дали ќе ја продолжат блокадата на овој мост и понатаму. Студентите бараат одговорност и правда за жртвите. Нивните протести добија поддршка и од студенти од Белград, средношколци, моторциклисти, земјоделци, здравствени работници и бројни граѓани..

Протестите ги поддржа и поп-звездата Мадона, која објави стори на својот профил на инстаграм.„она што медиумите не ви го пренесуваат е дека моментално сведочиме на еден од најголемите студентски протести во оваа област од 1968 – во Србија“, напиша Мадона.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата