Видео: Кети Пери „се јави“ од вселената

15.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Кети Пери „се јави“ од вселената

Имено, популарната пејачка заедно со уште пет познати дами полета во вселената како дел од историскиот „женски лет“ организиран од компанијата „Blue Origin“.

Летот во вселената  траеше нешто повеќе од 10 минути, а екипажот успешно се врати на Земјата во Западен Тексас. Кети по стапнувањето на тлото  веднаш ја бакна земјата. 

Сега се појави првата снимка од капсулата, која покажува како изгледала внатрешноста додека славните дами уживаат во бестежинска состојба.

Кети Пери, видно воодушевена, лебди во подлогата, ги покажува работите кон камерата, а потоа ги остава да „летаат“ околу кабината. Како изгледаше моментот кога Кети стана буквално ѕвезда во универзумот, погледнете во видеото подолу.

Покрај Кети, во екипажот беа и: новинарката Гејл Кинг, вереницата на милијардерот Џеф Безос, Лорен Санчез, продуцентката Каријан Флин, поранешната научничка на НАСА Ајша Боу и активистката Аманда Нуен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата