Видео: Иванка Трамп пристигна во Венеција за свадбата на Џеф Безос

25.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Иванка Трамп пристигна во Венеција за свадбата на Џеф Безос

 Семејството прво беше фотографирано како се вози на традиционален венецијански брод низ градот, како и подоцнежната лежерна прошетка низ историскиот центар, објави „Пејџ сикс" (Page Six).

Меѓу познатите гости на „свадбата на годината“ се очекуваат и Опра Винфри, Орландо Блум, Ева Лонгорија, Ким Кардашијан, Крис Џенер и Барбара Стрејсенд. Инаку, Безос и Санчез ќе се венчаат на 27 јуни, а според западните медиуми, свеченоста ќе се одржи на островот Сан Џорџо, во бенедиктинска црква од 16 век. Покрај самата церемонија, планирани се уште два настани - свечена вечера во приватен манастир, веројатно во „Киостро дела Мадонна дел’Орто“ (Chiostro della Madonna dell’Orto), којашто е закажана за 26 јуни, како и големата забава во сѐ уште необјавено место на 28 јуни. Сите информации доаѓаат од извори во Италија, според кои целиот распоред ќе биде врв на луксуз.

Приватни возила и 60 резервирани водни таксија ќе бидат користени за превоз на познатите личности, додека некои од 400-те гондоли во Венеција се ставени вон употреба. Гостите ќе бидат сместени во најскапите хотели, како што се хотелот „Аман“, каде што ноќевањето чини над 2.700 долари, или хотелот „Чипријани“ што наплаќа повеќе од 2.000 долари од ноќ.

Додека секој детаљ од свадбата внимателно се планира, граѓани на Венеција протестираат. Демонстрантите планираат директни акции - скокање во канали за да ги блокираат водните таксија и затворање на тесните венецијански улици за да се спречи пристапот на познатите гости. 

Фото: Ekstra Blasdet

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата