Видео-фото: Салма Хајек има 60 години и изгледа подобро од кога било.

13.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео-фото: Салма Хајек има 60 години и изгледа подобро од кога било.

Кога Салма Хајек во раните 1990-ти години пристигнала во Лос Анџелес во Мексико веќе уживала статус на телевизиска ѕвезда. Во Холивуд, сепак, тоа не значеше речиси ништо.

Напротив, раководните лица од филмските студија ѝ рекоа дека е родена во „погрешна земја“, дека нејзиниот акцент ќе ја спречи некогаш да стане главна актерка и дека, штом ќе проговори, ќе ја потсети американската публика на домашните помошнички.

Со текот на годините, Хајек во неколку наврати јавно зборуваше за овие разговори.

На 2 септември таа наполни 60 години. Зад неа се номинација за „Оскар“, значајна холивудска кариера, сопствена продукциска куќа, култни филмови и речиси четири децении во текот на кои таа постојано успеваше да ги надмине очекувањата на филмската индустрија.

Она што е особено интересно е тоа што нејзината приказна сè уште не се претворила во ретроспектива. Само еден ден пред нејзиниот 60-ти роденден, Хајек беше фотографирана во Њу Џерси, на сетот на филмот „Grown Ups 3“, заедно со Адам Сендлер.

Салма Хајек е родена на 2 септември 1966 година во Коацакоалкос, во мексиканската држава Веракруз. На 22-годишна возраст, таа ја добила главната улога во теленовелата „Тереза“, што ја направи едно од најпрепознатливите телевизиски лица во земјата.

Таа можеше сосема комотно да ја продолжи кариерата што веќе ја имаше изградено. Наместо тоа, во 1991 година одлучила да се пресели во Лос Анџелес, иако нејзиниот англиски јазик сè уште не бил доволно добар за работа во американската филмска индустрија. Почнала да посетува часови по јазик и глума, практично почнувајќи од нула.

Јазичната бариера не бил единствениот проблем. Хајек подоцна раскажа дека постојано ѝ велеле оти ниту исклучителниот актерски талент, ниту убавината не можат да го променат фактот дека Холивуд не е подготвен да ѝ додели главна улога – како хероина, адвокатка или деловна жена – на Латиноамериканка со акцент.

Во еден случај, режисерот Иван Рајтман дури не ѝ дозволи ни да оди на аудиција за главната женска улога покрај Харисон Форд во филмот „Шест дена, седум ноќи“, бидејќи ликот не бил замислен како Латиноамериканка. Улогата на крајот ѝ припадна на Ен Хеч.

Хајек уште многу рано сфати уште една работа: филмската индустрија можеби не ја замислувала Мексиканката како главен лик, адвокатка или деловна жена, но ја замислувала како егзотична убавица. Наместо да се преправа дека тој стереотип не постои, таа одлучи да го искористи како влезница.

Подоцна објасни дека свесно усвоила крајно сензуален имиџ, бидејќи тоа бил просторот што Холивуд ѝ го нудел во тоа време, а потоа се обидувала да внесе хумор, интелигенција и карактер во своите улоги, дури и кога сценариото не го барало тоа. Пресвртницата се случи кога Роберт Родригез ја избра за филмот „Десперадо“.

Актерка, продуцентка, режисерка, една од првите големи мексикански ѕвезди во модерниот Холивуд, активистка која со години ја поддржува борбата против насилството врз жените – Салма Хајек изгради кариера многу поширока од онаа што индустријата првично ѝ ја намени.

Денес, заедно со нејзиниот сопруг Франсоа-Анри Пино, таа е вклучена и во иницијативите на фондацијата „Керинг“ (Kering Foundation), која собира средства за организации што се борат против родово заснованото насилство.

Убавина и искуство Па така, можеби најмалку интересниот факт во врска со нејзиниот 60-ти роденден е тоа колку добро изгледа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата