Видео: Даниел Кајмаковски киднапиран во Белград, му барале 20 000 евра

8.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Даниел Кајмаковски киднапиран во Белград, му барале 20 000 евра

Непознатите сторители по кои се трага го врзале и го возеле во неговиот автомобил и побарале 20.000 евра.

- Се сомнева дека се странски државјани, а не е исклучена можноста дека се мигранти. Тие го одвезле киднапираното лице во Рума, каде што, кога сообраќајните полицајци се обиделе да ги сопрат, удриле во тротоар, излегле од возилото и избегале - открил извор на Курир, рс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Пред да биде киднапиран па ослободен од полицијата, Даниел имал настап во еден екслузивен ресторан во Белград кој се наоѓа многу блиску до местото на инцидентот. 

Според дел од српските медиуми возилото во кое киднаперите го возеле македонскиот пејач многу брзо наишло на полициска контрола по што започнала вистинска брканица како на филм.

-Кратко по киднапирањето, киднаперите наидоа на полициска рација на улицата Караѓорѓева, по што следеше потера откако возачот на белото „Волва XC 60“ не ја послушал наредбата на полицијата и почнал да бега во правец на Бранков мост, објавија медиумите.

Сили на српското МВР и ПУ за градот Белград веднаш се приклучиле на потера. Координираната акција ја предводеше УКП, со поддршка на: САЈ и Жандармеријата, ССК (Служба за специјални истражни методи) и СБПТЕ, УСП (Сообраќајна полиција) и УЗТ (Техничка управа).

Цело време, киднаперите држеле пиштол вперен во главата на пејачот и барале 20.000 евра за неговиот живот, заканувајќи се дека нивните соучесници, кои наводно веќе го следат неговиот стан, ќе ги повредат неговата сопруга и деца.

Откако ја поминале наплатната рампа во Шимановци, притисокот на полицијата го принудил возачот да направи грешка. На исклучувањето за Рума, „Волвото“ удрило во заштитната ограда. Двајцата вооружени напаѓачи, користејќи ја темнината, избегале во непознат правец, додека припадниците на УКП го пронашле Кајмакоски врзан во оштетеното возило.

-Теренот околу Рума моментално е под целосна блокада. Припадниците на САЈ и жандармеријата користат кучиња за помош и најсовремена опрема за термичко снимање за да ги бараат бегалците кои, според жртвата, комуницирале на турски јазик. Вишото јавно обвинителство го оквалификувало случајот како Киднапирање, пренесуваат дел од српските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата