Гранде, која ја игра Глинда во новата филмска адаптација на „Wicked“, неодамна гостуваше во шоуто на Дру Баримор.
Аријана беше емотивна
„Имам нешто исклучително возбудливо и посебно. Порано му припаѓаше на Смитсонијан“, рече Баримор (49) во најавата за интервју, предизвикувајќи изненаден поглед на лицето на Аријана, која праша: „Што зборуваш?“
@thedrewbarrymoreshow Drew surprises @arianagrande with Glinda’s wand from The Wizard of Oz ✨ Tune in this Thursday (Dec. 5) for more! #arianagrande #wickedmovie #wizardofoz #drewbarrymore ♬ original sound - thedrewbarrymoreshow
Водителката продолжи: „Сега е во приватна сопственост, но ни го позајмија за потребите на ова интервју“. Откако Аријана испушти гласна воздишка, Баримор се сврте кон својот тим и рече: „Можете ли да го донесете оригиналното стапче на Глинда? Кога на Аријана и врачија долго сребрено стапче со врв во форма на ѕвезда украсен со камења, Аријана беше видно емотивна и со насолзени очи.
Патем, „Wicked“ сега е во кината и има заработено над 360 милиони долари на светскиот бокс офис од премиерата на 22 ноември.
Извор: Индекс.хр