Таму таа ги изненади гледачите откривајќи некои вештини кои нејзиниот убавец сè уште не ги совладал.
"Секогаш велам дека Мек е уникатно човечко суштество, имајќи предвид дека е најпознатото дете актер на светот. Се уште не знае да вози! Го оставив да нѐ вози низ соседството, бев преплашена. Овој 44-годишен маж вози за прв пат? Морам да најмам некој да го прави тоа", опишала таа.
"Живееше и порасна во хотели, никогаш не переше сам, бев шокирана... Научив да перам алишта кога имав 10 години за да ѝ помогнам на мајка ми. Смешно е, се обидувам да го научам", додала таа.
Да потсетиме дека Меколи и Бренда првпат се сретнаа во 2014 година во куќата на актерот Сет Грин, а Сонг во едно интервју се присетила како Калкин „се обидувал да биде смешен“ правејќи шеги за серијата „Татковци“ во која глумеа таа и Грин. „Воопшто не бев импресионирана од него, ќе го признаам тоа“, изјави Бренда.
Двојката се верила пред три години, но не брзаат да се венчаат. Бренда откри дека неколку пати размислувале за опцијата „да избегаат и да се венчаат некаде далеку“, но секогаш се повлекувале. „Размислував за мајка ми која ќе доживее срцев удар доколку не дојде на нашата венчавка“, изјавила актерката. Актерот објаснил и дека не би сакал да ја вознемирува својата идна тешта. „Не можев да го сторам тоа“, рече низ смеа.
Тие го добија првиот син Дакота во 2021 година, а Бренда тогаш изјави дека почнала да ја планира својата венчавка, но дека ѝ било тешко да ги балансира сите свои обврски со мајчинството. „Планирањето на свадба е толку скапо и одзема многу време“, рече таа тогаш. Не долго по првото, тие добија второ дете, синот Карсон.