Турција го забрани прикажувањето на романтичната драма со Даниел Крег во главната улога (ВИДЕО)

8.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турција го забрани прикажувањето на романтичната драма со Даниел Крег во главната улога (ВИДЕО)

Како што пишува „Гардијан“, турските власти од областа Кадикој го забранија прикажувањето на најновиот филм на познатиот режисер Лука Гвадањино, бидејќи го сметаат за премногу провокативен и сметаат дека ќе доведе до нарушување на јавниот мир. Имено, филмот содржи експлицитни љубовни сцени меѓу двајца мажи, а една од темите е и зависноста од дрога.

Забраната дојде од „безбедносни причини“, како што рекоа властите на платформата за стриминг и дистрибутер Муба.

Но, оваа одлука не беше без последици. Бидејќи Queer требаше да го отвори Филмскиот фестивал во Истанбул, компанијата Муби, која е и организатор на фестивалот, одлучи да го откаже целиот четиридневен фестивал неколку часа пред отворањето.

„Фестивалите се оази кои ги зближуваат луѓето и ја слават уметноста и културната различност. Оваа забрана не влијае само на еден филм, туку и на значењето и целта на целиот фестивал“, велат портпаролите на компанијата Муби.

Квир е адаптација на истоимениот роман на Вилијам С. Бароуз од 1985 година, кој опишува љубовна приказна меѓу двајца мажи, сместена во средината на минатиот век. Во филмот, Крег го толкуваше Ли, средовечен американски иселеник кој се преселил во Сиудад де Мексико. Таму тој се вљубува во млад војник Алертон (Дру Старки), кој е зависник од дрога.

Во споредните улоги се Лесли Менвил, Џејсон Шварцман, Хенри Зага, Дру Дроге, Ариел Шулман, Дејвид Ловери, Колин Бејтс, Ронија Ава, Перла Амброзини и Сајмон Рицони.

Филмот Квир ја имаше својата светска премиера на филмскиот фестивал во Венеција во септември оваа година. Ги воодушеви тамошните критичари и моментално има рејтинг од 78% на Rotten Tomatoes. Филмот ќе биде прикажан во кината на 27 ноември.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата