Теодора Џехверовиќ искрено за операциите: Страшно боли, дури морав да избричам дел од косата

1.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Теодора Џехверовиќ искрено за операциите: Страшно боли, дури морав да избричам дел од косата

Следбениците на Инстаграм и поставуваа прашања, а таа откри што корегирала уште во тинејџерските денови.

Пејачката претходно призна дека ставила силиконски импланти, операција на уши на 16 години и ги зголемила усните, но тврди дека тука застанала, иако многумина не и веруваат.

На прашањето дали некому би препорачала операција на ушите, пејачката била јасна.

- Од се срце би го препорачала на секој на кој тоа му пречи. Тоа е најдоброто нешто што сум го направила. Единствената лоша страна е што морав да избричам два прста влакна од двете страни. Мислам дека сега не е потребно ако се прави приватно - одговори Теодора.

Таа зборуваше и за силиконските импланти и рече дека процедурата е многу болна, но вреди да се издржи болката.

Зборот „презадоволна“ е смешен за тоа како се чувствувам по операцијата. За мене тоа се најубаво направените гради, нема да бидам скромна - одговорила Теодора и продолжила:

- Имав точна визија колкаци гради сакам и како сакам да изгледаат. Сакав да бидат „природно“ изработени гради, кои сега лежат толку убаво што, верувајте ми, многу луѓе не би ни знаеле дека некогаш сум ги направила. Дали боли? Да. Не можам да лажам дека не е болна операција. Едноставно, болката трае месец и половина, а првите седум дена се каеш што воопшто си направила нешто - одговорила Теодора.

Нејзините одговори предизвикаа бројни реакции, а пејачката уште еднаш покажа дека нема проблем искрено да зборува за промените во изгледот.

Извор: Аваз

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата