Светот се збогува со Тина Тарнер:Фановите и оддадоа почит пред познатиот театар Аполо во Њујорк

26.05.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светот се збогува со Тина Тарнер:Фановите и оддадоа почит пред познатиот театар Аполо во Њујорк

Цвеќе беше положено на ѕвездата на Тина Тарнер на Булеварот на славните во Холивуд во Лос Анџелес, а свеќи беа запалени пред нејзината куќа во Куснашт , близу Цирих.

Букети беа оставени и пред лондонскиот театар Алдвич, сега дом на мјузиклот наречен Тина, за животот на покојната пејачка.

Славната Тина Тарнер беше една од најомилените пејачки, позната по својата харизма на сцената и низата хитови. Тина Тарнер, родена како Ана Меј Булок, е американска соул, R&B, танц, диско, поп, рок пејачка, актерка, танчерка и текстописец.

Добитничка е на осум Греми награди.

Фановите ширум светот и оддаваат последна почит на легендарната пејачка Тина Тарнер, која почина во средата на 84-годишна возраст.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата