Судот во Сплит му одреди казна на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ

17.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Судот во Сплит му одреди казна на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ

Откако денеска беше сослушан во Општинскиот прекршочен суд во Сплит, каде му беше одземен пасошот, актерот првпат се огласи на социјалната мрежа Инстаграм.

Закачи фотографија на која се гушка со пријател и рече:

- О, колку ми недостигаат тие денови кога излегувавте навечер во Лондон на пијачка и се будевме во Мароко - напишал Сергеј, цитирајќи го Питер О'Тул.

Да потсетиме, Сергеј пред судот изјави дека не се чувствува виновен за сѐ што му се става на товар, а во полициското обвинение се товари по член 5 и член 17 од законот за делата против јавниот ред и мир.

Во членот 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир се вели дека „Тој што ќе омаловажи или навредува државни органи, односно службени лица, во текот на извршувањето или во врска со извршувањето или нивните законски наредби, ќе се казни со парична казна од 700 до 4000 евра или затворска казна до 30 дена“, се вели во тој закон. Затоа полицијата и судот за ова дело од Трифуновиќ побараа триесет дена затвор.

Во членот 5 се вели „Оној што го нарушува јавниот ред и мир со изнесување текстови, композиции, репродукции, истакнување симболи, текстови, слики и цртежи на јавно место, ќе се казни со парична казна од 300 до 2.000 евра.

Полицијата за овој инкриминирачки напис за Трифуновиќ бара казна од 1.000 евра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата