Тоа го открија на црвениот тепих на Латино Греми во Севиља, каде Џесика го покажа трудничкиот стомак.
„Имаме големи вести за вас!!!“ Гета се огласи и на Инстаграм и доби многу честитки.
Гета ги има синот Тим Елвис (19) и ќерката Енџи (16), со поранешната сопруга Кети Лобе. 56-годишниот Гета и 24 години помладата Џесика се заедно од 2015 година. Минатата година се шпекулираше дека раскинале, но изгледа дека љубовта сè уште цвета.