Кијану Ривс неодамна се присетил на починатиот колега Патрик Свејзи којшто проживеал тешки последни денови од животот. Патрик Свејзи почина во септември 2009 година по борбата со ракот.
Кијану Ривс и Патрик Свејзи заедно глумеле во акцискиот филм „Point Break“ од 1991 година, а неодамна актерот во текот на промоцијата на продолжението на „John Wick: Chapter 4“ открил кој му било најдраг спомен од снимањето на филмот од 1991 година.
„Работата со Патрик Свејзи. Тој беше џентлмен и целосен професионалец, филмска ѕвезда и инспирација“, изјавил Кијану,
Да ве потсетиме, Патрик ја изгубил битката со канцер на панкреас, а неговата смрт ги натажи милионите обожаватели ширум светот, како и неговите колеги од светот на филмот.
„Никогаш не сум бил личност која бега од предизвици. Но, можете да се обложите дека поминувам низ пекол, а штотуку сум на почеток“, истакнал актерот во интервјуто со Барбара Волтерс.
Тој почина на 57-годишна возраст на својот ранч во близина на Лос Анџелес, а подоцна биле откриени страшните услови во кои ги поминал последните денови и тоа поради сопругата која ја обожувал.
Пријателите на Патрик подоцна раскажале дека Лиса Ниеми го чувала како затвореник на нивниот ранч и не му дозволувала никому да дојде да го посети.
„Го занемаруваше штом неговиот помлад брат Дона поради работа не би бил во градот. Со часови беше надвор од куќата, а кога ќе се вратеше тој би го пронашол Патрик како лежи во фекалии и урина. Кога ќе се скараа, го удираше“, кажале тие.
Тие тврделе дека таа го изневерувала Свејзи и дека пред неговата болест имале бурна врска затоа што таа сакала да го контролира секој аспект на неговиот живот.