Славна режисерка пронајдена мртва: Завиткана во ќебе, со лента на устата, се сомневаат во мотив за убиство

19.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Славна режисерка пронајдена мртва: Завиткана во ќебе, со лента на устата, се сомневаат во мотив за убиство

Режисерката Џенифер Абот (69) била пронајдена избодена до смрт откако нејзината роднина и соседи морале да провалат во нејзиниот стан во Лондон. Телото на режисерката било откриено во петокот навечер, откако четири дена не одговарала на пораки и повици. Полицијата со денови трага по сторителите, а вечерва е соопштено кој е можно мотивот за убиството.

Соседите изјавиле дека Џенифер имала конфликт со наркомани кои го окупирале станбениот блок каде што живеела. Само една недела пред трагедијата, во солзи ѝ признала на пријател дека е „премногу исплашена за да заспие поради антисоцијалното однесување“.

Полицијата вечерва соопшти дека нејзиниот „ролекс“ со дијаманти исто така исчезнал од нејзиниот дом, пренесува Дејли Мејл.

Нејзиното милениче било затворено во бањата неколку дена, но преживеало. Полицијата претпоставува дека крадците влегле преку прозорецот од бањата, го заклучиле кучето, потоа упаднале во остатокот од домот, го украле скапоцениот часовник и ја убиле недолжната жена.

„Секогаш го шеташе кучето и беше навистина пријатна. Беше малку повлечена, но многу љубезна,“ изјавил еден од соседите.

Друга сосетка, која инсистирала на анонимност, изјавила дека нејзиниот син грабнал метална шипка за да ги разбие вратите. Режисерката долго време живеела во страв, бидејќи крајот во којшто се преселила бил преполн со наркомани.

„Се сеќавам дека еднаш ми кажа дека се обидела да излезе од станот, но не можела поради наркоманите. Не можам да верувам дека повеќе нема да ја видам. Ќе ни недостасува,“ раскажала една сосетка.

Полицијата ја обезбедила куќата во која живеела режисерката за да го истражи местото на злосторството и да собере форензички докази.

Режисерката Абот претходно работела во филмската индустрија и освоила награда за документарниот филм „Богови на војната“. Потекнува од Аризона, но студирала уметност и наука на Merton Technical College и посетувала средно училиште „Пелхам“ во Вимблдон. Подоцна се преселила во Лос Анџелес и се дружела со Парис Хилтон и Кејт Хадсон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата