Скарлет Јохансон ќе глуми во криминалистички трилер за неонацистите

10.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скарлет Јохансон ќе глуми во криминалистички трилер за неонацистите

Федервуд е заснован на наградуваната статија од седум дела, Мојата ариевска принцеза, напишана во 2017 година од Скот Фарвел за Dallas Morning News. Сценариото за филмот го напиша Нед Бенсон.

Во филмот, Јохансон ќе ја портретира Керол Блевинс, зависничка од хероин, која му помагала на ФБИ за време на шестгодишната истрага против неонацистичка криминална организација и синдикат за дрога познати како Ариевско братство од Тексас (ABT).

Блевинс живеела со криминалци и му помагала на ФБИ да ги спречи грабежите и убиствата, што довело до апсење на 13 членови на озлогласената група. Сепак, нејзиното страшно патување не поминало без последици, па денес живее во страв од одмазда од АБТ.

Филмските експерти предвидуваат дека Јохансон би можел да добие уште една номинација за Оскар за оваа улога. Познатата актерка беше номинирана на 92. Оскари во категориите за најдобра женска улога и најдобра споредна женска улога за филмовите Marriage Story и Jojo Rabbit.

Федервуд ќе го режира Андреа Арнолд, најпозната по American Honey и хит серијата Big Little Lies. Арнолд моментално работи на филмот Bird заедно со ирскиот актер Бери Кеоган.

Јохансон ќе работи и како продуцент на филмот „Featherwood“, заедно со Џонатан Лиу и Кинан Флин од продуцентската куќа This Pictures. Познатата актерка оваа година ќе ја видиме во анимираниот филм Transformers One, во кој му го позајми гласот на еден од ликовите. Таа ќе се појави и во романтичната комедија Project Artemis, чија премиера е на 12 јули 2024 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата