Што остана од автомобилот на Ѓорѓе Давид по страшната сообраќајка кај Куманово? (ФОТО)

23.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Што остана од автомобилот на Ѓорѓе Давид по страшната сообраќајка кај Куманово? (ФОТО)

За жал, Ѓорѓе токму во тој момент среде ноќ возел по тој пат и удрил во жената, која починала.

Тој е ослободен и му е дозволено да се врати во Србија од Македонија.

Во продолжение погледнете ги првите снимки од автомобилот со кој Давид ја удри жената, а потоа излетал во грмушки и од чиста среќа се спасил без поголеми повреди.

Автомобилот е целосно уништен, поради што завршил кај отпад за автомобили, што е јасно видливо од фотографиите, објавени од српски Телеграф.

Рокерот имал долг разговор со мажот на несреќната жена која што ја удрил. Вели дека тоа му било од големо значење.

- Запознав човек чија сопруга загина во таа сообраќајна несреќа. Разговорот што го имав со него беше крајно човечки, нормален, крајно татковски. И тој е татко на женско дете и јас сум, тоа ми беше многу важно да си симнам огромен товар од моето срце бидејќи знаев дека сака да ја слушне приказната од човекот зад воланот. Мислам дека тоа ми расчисти некои облаци во главата. Многу ми е важно човек да е свесен за целата ситуација. Го направив најдоброто што можев во тој момент – изјави рокерот.

- Не му се јавив лично, иако го имав телефонот, го прашав адвокатот Виктор, кој најде начин да дојде до него. Седнавме на јавно место, еден спроти друг. Тоа беше многу емотивен разговор кој траеше 45 минути, никогаш нема да го заборавам. До тој степен ми е важно како раѓањето на моето дете, првиот бакнеж, првиот концерт и слично - изјави Ѓорѓе Давид.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата