Шакира со синовите го прослави освојувањето на „Греми“, им се обрати и на имигрантите во САД

3.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шакира со синовите го прослави освојувањето на „Греми“, им се обрати и на имигрантите во САД

Колумбиската пејачка ги воодушеви своите фанови со стомачниот танц, а потоа го отпеа својот голем хит Shakira: Bzrp Music Sessions Vol. 53, во која таа пееше за изневерувањето на нејзиниот партнер Жерар Пике.

Во својот говор Шакира наградата што ѝ ја врачи Џенифер Лопез им ја посвети на сите имигранти во САД, велејќи: „Секогаш ќе се борам со вас!“ Нејзиниот говор е одговор на заканите на претседателот Трамп за масовните депортации, поради кои многу имигрантски заедници се плашат. Но, покрај политичката порака, таа испрати и лична порака до нејзините омилени момчиња - синовите Саша (10) и Милан (12).

"Сакам да ја споделам оваа награда со моите деца. Многу сум горда на вас, на вашата добрина. Ви благодарам што ме поддржувате", им рече таа на децата, кои ја гледаа како ја добива наградата од публиката во идентични светкави облеки.

За потсетување, на 67. Греми награди, Бијонсе ја доби наградата за албум на годината за Каубој Картер, а ова е прва ваква награда во нејзината кариера.

Кендрик Ламар освои пет големи награди со неговиот голем хит „Not Like Us“ - за песна и снимка на годината, најдобра рап песна и најдобро музичко видео. Сабрина Карпентер ја доби престижната награда за најдобар поп албум на англиски јазик. Чапел Роан беше прогласен за најдобар нов уметник.

На оваа церемонија беа одликувани и Битлси и Стоунси. Имено, Битлси беа наградени за најдобра рок изведба за песната Now and then, додека за најдобар рок албум е прогласен Hackney Diamonds на Ролинг Стоунс.

Греми наградите се доделуваат во повеќе од 90 категории, а победниците ги избираат музичарите, продуцентите, инженерите и другите кои ја сочинуваат Академијата за снимање.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата