Шакира и Бурна Бој го отвораат Светскиот шампионат во Мексико, шоу и во Торонто и Лос Анџелес

6.06.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шакира и Бурна Бој го отвораат Светскиот шампионат во Мексико, шоу и во Торонто и Лос Анџелес

Настапот ќе се одржи на 11 јуни, пред првиот натпревар на турнирот меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка.

Церемонијата на свеченото отворање ќе започне 90 минути пред стартот на натпреварот, а покрај Шакира и Бурна Бој, на сцената во Мексико Сити ќе настапат и Алехандро Фернандес, Белинда, Дени Оушн, Џеј Балвин, Лила Даунс, Лос Анџелес Азулес, Мана и Тјала.

„Dai Dai“ е официјална песна на Светското првенство 2026 и е поврзана со FIFA Global Citizen Education Fund, иницијатива што има цел да собере 100 милиони долари за пристап до квалитетно образование и фудбалски можности за деца ширум светот.

ФИФА за ова издание на Мундијалот планира три церемонии на отворање — по една во секоја земја домаќин: Мексико, Канада и САД. Во Торонто, на 12 јуни, пред натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, ќе настапат Аланис Морисет и Мајкл Бабл. Во Лос Анџелес, истиот ден, пред дуелот меѓу САД и Парагвај, најавени се Кети Пери, Лиса, Рема, Анита и Фјучер.

Шакира има долга историја со Светските првенства: настапуваше и на претходни мундијалски изданија, а нејзината „Waka Waka“ од 2010 година останува една од најпознатите фудбалски химни во светот. Со „Dai Dai“, таа повторно се враќа на најголемата фудбалска сцена, овојпат заедно со нигериската ѕвезда Бурна Бој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата