Северина низ солзи: Го поздравувам мојот син, кој сега ме гледа (ВИДЕО)

10.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Северина низ солзи: Го поздравувам мојот син, кој сега ме гледа (ВИДЕО)

Имено, Севе доби престижна награда и беше избрана за најдобра поп-пејачка во Хрватска, а со своето елегантно издание, како и говорот на сцената - Севе го разгали цел Балкан.

Таа блескаше во црн долг фустан со шлиц, на сцената се појави видно возбудена, а веднаш на почетокот рече: „Не сакав да дојдам вечерва, бидејќи во последните неколку дена луѓето ме гледаат како умрев, а потоа воскреснав...“

- Ова е мојот свет, сцената е мојот свет, не е лудост... упс, судницата е мојот свет - започна Севе.

И додека преку својот емотивен говор, покрај кариерата, зборуваше и за својата борба, борбата на жената, борбата на мајката, во еден момент го поздрави и синот Александар, кого има можност да го види само двапати неделно по одземањето на старателството.

– Сакам да му се заблагодарам на моето семејство, и да го поздравам син ми кој сега ме гледа на телевизија – рекла пејачката со солзи во очите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Иако на крајот успеа да се воздржи, сепак со својот говор успеа да ја расплаче мајка си.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата