Актерот ја даде првата изјава за бракот, повикувајќи се на советите на Горан Бреговиќ. „Тој вели: „Што, брак? Немој да го правиш тоа пред да наполниш педесет, тоа не е добро за тебе, за жена ти или за твоето дете, не го прави тоа пред да наполниш педесет“. Така, јас всушност го послушав Бреговиќ“, изјави Трифуновиќ.
Тој додаде дека не е во ред да влегувате во брак мислејќи дека така ќе ви ги реши проблемите. "Бракот е затвор за многу луѓе. Значи, бракот сам по себе не решава ниту еден ваш проблем доколку ги имате. Треба да се справите со проблемите и подобро е да се ожените без нив", рекол актерот.
За потсетување, актерот ја запроси Исидора на нејзиниот роденден на крајот на март, а викендот се венчаа во црква. По тој повод приредија и ручек за семејството, додека во септември планираат голема свадба. Инаку, Исидора режира спотови, пишуваат српските медиуми, а претходно била во врска со кошаркарот Нино Челебиќ. На Инстаграм ја следат повеќе од 12.000 луѓе, а таа ретко објавува фотографии со Сергеј.