Сем Мендез снима четири филма за „Битлси“

21.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сем Мендез снима четири филма за „Битлси“

Притоа, секој филм ќе го претставува гледиштето на секој член на бендот.

Мендез доби „Оскар“ за режија на „Американска убавина“ во 1999 година, режираше два прилично успешни филмови за Џејмс Бонд, како и низа извонредни достигнувања („1917“, „Револуционерен пат“ итн.). Тој рече дека гореспоменатите четири филма ќе бидат поврзани во „иновативен и револуционерен“ концепт, без дополнителни подробности.

- Чест е да се раскаже приказната за најголемиот рок-бенд на сите времиња, изјави филмаџијата.

Проектот го има благословот на Пол Мекартни и Ринго Стар, како и на семејствата на починатите Џон Ленон и Џорџ Харисон. Имињата на глумците не се објавени сѐ уште.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата