Се огласи Тејлор Свифт по вчерашниот напад со нож во Англија, кога загинаа три деца

30.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Тејлор Свифт по вчерашниот напад со нож во Англија, кога загинаа три деца

Таа напиша на Инстаграм дека е згрозена од овој чин и е во целосен шок, објави Скај Њуз.

По злосторството, на 17-годишен престапник му е одреден притвор поради сомнение за убиство и обид за убиство во работилницата за јога и танц „Тејлор Свифт“ во Саутпорт, организирана за деца на возраст од 6 до 11 години. Загинаа три деца, девет се ранети, од кои шест се уште се во тешка состојба, а критични се и двајца возрасни кои се обиделе да ги заштитат младите жртви.

„По вчерашниот напад во Саутпорт, целосно сум шокирана и ужасната“, напиша Свифт на Инстаграм. „Се работи за многу мали деца на час по танц. Не знам ни како да им изразам сочувство на нивните семејства.

Нејзините обожаватели собраа повеќе од 40.000 фунти на интернет за да им помогнат на семејствата на жртвите и болницата каде што се лекуваат некои од децата. Британскиот премиер Кир Стармер го нарече нападот страшен, а полицијата го смета за терористички чин. Кралот Чарлс и неговото семејство го изразија својот шок од страшното злосторство.

Од полицијата велат дека мотивот за нападот е нејасен, но не трагаат по други осомничени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата