Канје и Бјанка, наводно, биле исфрлени од доделувањето на наградите од страна на полицијата, откако Ценсори се појавила на црвениот тепих без облека.
30-годишната дизајнерка повторно ја шокира јавноста со своето издание кога се појави во целосно проѕирен фустан од мрежест материјал, без долна облека и со тоа ги запали социјалните мрежи.
Луѓето на X почнаа да ја исмејуваат, а Канје се огласи на Инстаграм за да се осврне на скандалот и сподели фотографии на кои позираат на црвениот тепих на неговата приказна, покрај која накратко напиша „Love Story“. Откако ги објави фотографиите, брзо ги избриша.
Kanye West and Bianca Censori made a jaw-dropping appearance at the #GRAMMYs. pic.twitter.com/OFo3Cddiou
— Entertainment Tonight (@etnow) February 2, 2025
Канје на тој начин ја „вмеша“ Тејлор Свифт во скандалот, потсетувајќи многумина на виралниот момент од доделувањето на Греми наградите во 2009 година кога Вест излезе на сцената додека Тејлор Свифт ја примаше својата награда и тврдеше дека Бијонсе требало да победи наместо неа. Неговата изјава предизвика бурни реакции, а во одбрана на пејачката излегоа бројни обожаватели.