Саша Барон Коен им се извини на Казахстанците поради улогата на Борат (ВИДЕО)

29.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Саша Барон Коен им се извини на Казахстанците поради улогата на Борат (ВИДЕО)

Говорејќи во подкастот „Среќен, тажен, збунет“, актерот откри дека националноста на Борат била менувана неколку пати во текот на развојот на ликот, а првичниот план бил тој да биде Албанец.

Според него, на крајот бил избран Казахстан, бидејќи поголемиот дел од западната публика не била запознаена со таа земја, пренесе РИА Новости.

"За прв пат во мојот живот сакам да им се извинам на луѓето во Казахстан, бидејќи Борат нема никаква врска со Казахстан. Не сакав да ве навредам. Го почитувам вашиот народ и вашата култура. Ве молам, не го сфаќајте ова лично", рекол актерот.

Тој додаде дека не знае како звучи казахстански акцент и дека често му кажувале дека Борат не звучи како Казахстан.

Тој рече дека неговиот лик бил критикуван и поради неговите мустаќи, кои не се карактеристични за мажите кои живеат во Казахстан.

Филмот „Борат: Културни учења на Америка во корист на славната нација на Казахстан“ беше објавен во 2006 година.

Во контроверзниот филм, Коен игра казахстански новинар кој патува во Соединетите Американски Држави (САД) за да снима документарен филм.

Филмот беше забранет во кината во неколку земји, вклучително и Русија.

Филмот беше номиниран за Оскар во категоријата најдобро адаптирано сценарио, а Коен доби Златен глобус за улогата на Борат.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата