Глумицата говореше и за својот брак со глумецот Фреди Принц Јуниор, којшто трае 22 години.
Имено, за неа, тајната на успешен и долговечен брак е - хигиената.
- Одделни бањи!, рече Гелар накусо.
Водителката возврати зачудено: - Чекај, тоа е тоа!? Толку е едноставно!?
- Да, толку е едноставно, одговори Гелар.
Присутните се надоврзаа со свое мислење: - „Мислев дека станува збор за одвоени кревети. Кога сакате да бидете заедно, ги приближувате еден до друг, а кога сакате малку простор, ги оддалечувате малку“.
Гелар ја пофали таа идеја, додавајќи дека тоа не ѝ паднало на ум. Гелар и Принц Јуниор се запознале во 1997 година на снимањето на „Минатото лето“, но излегле на нивниот прв љубовен состанок дури три години подоцна.
- Излеговме на многу вечери заедно. Тогаш требаше да излеземе со друга личност која откажа, но ние сепак излеговме, раскажа Гелар за „Пипл“ во друга прилика.
Фреди Принц Јуниор, според наводите, знаел дека Сара е „онаа вистинската“, токму по нивниот прв состанок. Двојката се венча во 2002 година на раскошна свеченост во Мексико. Заедно имаат две деца: Шарлот (16) и Роки (13).
Глумецот ќе ја повтори својата улога и во претстојниот, четврти филм за „Минатото лето“. Деновиве беше објавен и првиот трејлер за продолжението, па според некои обожаватели, еден кадар од првото видео (со нејзина слика) навестува дека можеби и Гелар се враќа во приказната. Глумицата ги отфрли тие наводи, а засега, и ИМДБ го потврдува тоа. Филмот излегува во јули.
Според ИМДБ, Сара Мишел Гелар, сепак, работи на ново продолжение на „Бафи“.