Популарниот пејач настапувал на Плоштадот на независноста во Подгорица по повод Денот на независноста на Црна Гора, а концертот, на кој се собрал голем број луѓе, бил накратко прекинат по опасен инцидент во публиката, објави Телеграф.
Според видеата што кружат на социјалните мрежи, во еден момент меѓу посетителите владеела целосна паника. Се слушале вресоци, додека дел од публиката се обидувал да стигне до излезот од страв.
Кратко потоа, Рики Мартин, видливо вознемирен, се засолнил зад сцената, барајќи засолниште додека ситуацијата не се смирила.
@pts3634 #rickymartin #montenegro #podgorica #fyp ♬ original sound - BK
Да потсетиме дека и црногорската полиција се огласи за инцидентот што се случил во четврток вечерта, а Милан Делиќ, шефот на ОКЦ, изнесе официјални детали.
- Синоќа околу 23 часот, во близина на сцената бил активиран рачен канистер со солзавец, што предизвикало кратка паника кај граѓаните. Концертот набрзо продолжил. Полицајците од одделот за криминалистичка полиција фотографирале и заплениле дел од канистерот со солзавец што бил пронајден во близина на сцената. Лицето кое го фрлило канистерот со солзавец ќе биде пронајдено наскоро - изјавил Милан Делиќ, раководител на ОКЦ, објавија медиумите во Подгорица.

