Пејачката која е родена на Барбадос не го променила државјанството поради што не можела да гласа на изборите.
По објавата, Ријана предизвика бурни реакции и беше на удар на хејтерите. Еден следбеник ѝ напишал дека „нелегалното гласање е кривично дело“, а Ријана одговорила: „Замолкни, Карен“.
Rihanna 😭 pic.twitter.com/LbxSxaNS2G
— highsnobiety (@highsnobiety) November 5, 2024
Терминот „Карен“ стана популарен на интернет во последниве години, а тој означува личност, најчесто средовечна жена, која се однесува привилегирано или агресивно во ситуации кога за тоа нема основа.
Кога еден следбеник ѝ напишал дека гласала за затворени граници, депортации и избегнување странски конфликти и дека абортусот не е ни приближно важен како што мислат другите, Ријана одговорила: „За**ана си! Таква е и Америка за која сонувате. Се надевам дека нема да откриете на потешкиот начин“.
Пејачката им се обрати и на оние кои се сомневаат во нејзиниот статус како државјанин на Барбадос. Откако еден следбеник напишал дека можела да гласа како имигрант и шпекулираше дека е „отфрлена од системот“, Ријана напиша дека „го сака својот бајански пасош“ и дека дошла во Америка „да работи и да плаќа данок“, додавајќи , „Нема шанси зошто“.