Расел Бренд е прогласен за виновен за сексуален напад- го ослободија од обвинение за силување

5.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Расел Бренд е прогласен за виновен за сексуален напад- го ослободија од обвинение за силување

Британскиот комичар и актер Расел Бренд денеска беше прогласен за виновен за сексуален напад врз жена, додека поротата го ослободи од обвинението за две обвиненија за силување, како и од обвинението за обид за непристоен сексуален напад.

Поротата го прогласи Бренд за виновен за сексуален напад врз трета жртва, која наводно ја зграпчил за градите за време на забава во бар во лондонскиот Сохо во летото 2004 година, објави Скај њуз.

Во исто време, тој беше прогласен за невин по обвинението за влечење на истата жена во тоалет и орално силување.

Бренд беше ослободен и од обвинението за силување на првата жртва, кое наводно се случило на есен 1999 година во хотел за време на конференцијата на Лабуристичката партија во Борнмут.

Поротата, исто така, го прогласи за невин по обвинението за обид за извршување непристоен сексуален напад врз втора жртва во 2001 година на телевизиската станица MTV во Лондон, со тоа што ја зграпчил за рака и ја влечел кон машкиот тоалет.

Бренд се соочува со вкупно седум обвиненија во кои се вклучени шест жени и наводни кривични дела извршени помеѓу 1999 и 2009 година. Тој ги негира сите обвиненија.

Поротата денеска ги заврши своите тридневни заседанија и се врати во судницата за да ги објави своите пресуди за обвиненијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата