Раперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираат

1.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Раперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираат

 Според истите извори, Комс наводно го набавува лекот „Ремерон“ од други затвореници, а поседува и модифициран таблет на кој гледа филмови.

Музичкиот магнат Шон „Диди“ Комбс наводно користи недозволен мобилен телефон и консумира алкохол додека ја издржува казната во федералниот затвор „FCI Fort Dix“ во Њу Џерси, објави NBC News.

Според изворите на медиумот, 56-годишниот Комбс наводно троши илјадници долари месечно за да обезбеди одредени привилегии додека е во затвор.

Посебни оброци NBC News исто така објави снимка на која наводно се гледа како Комбс користи прошверцуван телефон. Изворите тврдат дека други затвореници готват за него, чистат, му ја перат облеката, па дури и му прават масажи.

Еден од нив наводно пиел коњак „Хенеси“ (Hennessy) заедно со Комбс.

Се вели дека и други затвореници му подготвуваат специјални оброци, како што се пилешко во сос од кари, пица и емпанади, додека поединци наводно му ги чистат тоалетот и туш-кабината пред тој да ги користи.

Според истите извори, Комбс наводно го набавува лекот „Ремерон“ од други затвореници, а поседува и модифициран таблет на кој гледа филмови и документарни емисии.

Наводно, тој добива голем број писма од обожаватели, кои другите затвореници ги чуваат за него – заедно со телефон – бидејќи во неговата ќелија нема доволно простор.

Портпаролот на Комбс ги отфрли овие тврдења, изјавувајќи за списанието „Пипл“ (People) дека „секојдневниот затворски живот“ се претставува сензационалистички во медиумите. Тој нагласи дека Комбс ја издржува казната во согласност со правилата и ја очекува одлуката на судот по неговата жалба.

Федералното биро за затвори одби да го коментира конкретниот случај, наведувајќи безбедносни причини. Сепак, агенцијата истакна дека недозволените предмети – особено мобилните телефони и наркотиците – остануваат постојан проблем во затворскиот систем.

Тие додадоа дека на затворениците им е забрането користење мобилни телефони и дека се соочуваат со санкции доколку ги прекршат правилата. Комбс беше уапсен во септември 2024 година по повеќемесечна истрага. Тој беше обвинет за сексуална трговија, рекетирање и превоз на лица со цел проституција.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата