Пројковска, Ѓорѓиески, Ефремов, Стевановски и Ѓоргиев се починатите членови на тимот на ДНК

16.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пројковска, Ѓорѓиески, Ефремов, Стевановски и Ѓоргиев се починатите членови на тимот на ДНК

Животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, како и вонр. проф. м-р Сара Пројковска, која во бендот беше придружен вокал. Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски и тапанарот на бендот Ѓорги Ѓоргиев.

На социјалните медиуми колегите се простуваат од загинатите. 

И од Факултетот за музичка уметност изразија сочувство за смртта на Сара Пројковска.

-Со длабока жалост и неверица Ве известуваме дека нашата колешка, вонр.проф.м-р Сара Пројковска,  го загуби животот во невидената трагедија во Кочани. Нашата Сара, полна со љубов, живот и музика,лавица и добрица.., стои во објавата на Фејсбук.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата