Правосилна е пресудата против српскиот пејач Дарко Лазиќ, познати се последиците

12.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Правосилна е пресудата против српскиот пејач Дарко Лазиќ, познати се последиците

Бидејќи првостепената пресуда не била правосилна, Дарко, како и полицијата, имале пропишан рок да се жалат на истата, но тоа не било сторено.

Имено, како што дознава Телеграф.рс, пресудата станала правосилна бидејќи сообраќајната полиција не ја обжалила пресудата, ниту тој.

Да потсетиме, Дарко бил зад воланот на „БМВ“ иако има забрана за возење до февруари следната година, а на полицајците во истрагата им дал чешка возачка дозвола бидејќи му била одземена српската.

Тој налетал на комбе и во таа прилика била направена само мала материјална штета. Немало повредени.

Инаку, на Лазиќ му е одземена возачката дозвола поради големиот број казнени бодови, а му е забрането да вози до февруари 2024 година.

Возачката дозвола му била одземена во 2013 година.

Сите прекршоци на Лазиќ

– 27.12.2013 година – возење нерегистриран автомобил

– 19.03.2015 година – пречекорување на дозволената брзина во Белград

– 20.04.2015 година – возење со забрана

– 22.05.2015 година – возење со забрана

– 07.07.2015 година – возење со забрана

– 11.08.2016 – непрописно паркирање во Белград

– 22.11.2016 година – пребрзо возење во Умчари и возење без дозвола

– 26.11.2016 – непрописно паркирање на аеродромот во Белград

– 07.12.2016 година – не сакаше да каже кој управувал со автомобилот регистриран на негово име кога поминал на црвено. Тој е казнет со 15.000 динари

– 18.12.2017 – непрописно паркирање во Белград

– 17.04.2018 година – возење без дозвола и брзо возење

– 23.10.2018 – пријавен за брзо возење и возење без дозвола

– 28 март 2020 година – прекршување на полицискиот час, возење без возачка дозвола

– 29 април 2020 година – возење без возачка дозвола

За потсетување, Дарко Лазиќ на 23.10.2018 година имаше сообраќајна несреќа на патот Суботица – Брестач. Потоа тој беше во болница повеќе од еден месец и му беше отстранета слезината.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата