Филмот „Господар на прстените: Лов на Голум“ ќе го следи истиот принцип како и неговите претходници и ќе биде објавен во кината во декември.
Како што објавува „Варајети“, филмот на Енди Серкис ќе се појави во кината на 17 декември 2027 година, непосредно пред божиќните празници, заедно со филмовите од трилогијата „Господар на прстените“ и „Хобит“, од кои секој глобално заработи милијарди долари.
Енди Серкис како режисер и актер
„Ворнер Брос“ првпат го најави „Ловот на Голум“ минатото лето, а потоа филмот требаше да се појави во кината во 2026 година, но датумот на премиера е поместен за една година.
Серкис ќе го режира филмот и ќе ја повтори главната улога, која ја толкуваше со помош на технологијата за снимање на движење уште од филмот „Господар на прстените: Двете кули“ од 2002 година. Неговите претходни режисерски проекти ги вклучуваат „Могли: Легендата за џунглата“ и „Отров 2“.
Режисерот на оригиналната трилогија „Господар на прстените“, Питер Џексон, заедно со Френ Волш и Филипа Бојенс, го продуцираат новиот филм. „Ворнер Брос“ за време на најавата за филмот, нагласи дека ова трио ќе биде вклучено „во секој чекор од снимањето на филмот“, пишува „Варајати“.
Филипа Бојенс за списанието „Емпаер“ изјави дека „Ловот на Голум“ е „прилично интензивна приказна“ што се одвива „по роденденската забава на Билбо и пред Рудниците во Морија. Тоа е специфичен дел од неверојатна, но сепак нераскажана приказна, раскажана од перспектива на тоа извонредно суштество“, објасни таа во тоа време.
Актерите од оригиналната трилогија, како што се Иан Мекелен (Гандалф), Орландо Блум (Леголас) и Виго Мортенсен (Арагорн), изразија интерес да се вратат во новиот филм доколку би имало смисла да се вклопат во приказната, иако дополнителни имиња сè уште не се официјално потврдени.