Познато е името на биографскиот филм на Мадона, таа самата го преправала сценариото

17.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познато е името на биографскиот филм на Мадона, таа самата го преправала сценариото

Филмот го доби името по нејзиниот истоимениот албум од 1987 година, пишува магазинот People. Овој биографски филм се работеше веќе неколку години, но минатиот јануари проектот беше ставен во мирување.

Во објавата на Инстаграм споделена во вторникот, пејачката позира со машина за пишување и претходно отфрленото сценарио. Иако се нејасни, ажурираните страници на сценариото ги прикажуваат промените и поправките на кои таа работи. „Ми требаат многу пари за да го направам ова (Приказна за мојот живот)“, напиша таа во описот на објавата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Madonna (@madonna)

Во интервју за списанието Variety пред две години, Мадона рече: „Имав неверојатен живот, морам да снимам неверојатен филм“ и објасни зошто таа мора да биде сценарист и режисер на филмот. „Никој освен мене нема да ја раскаже мојата приказна.“

Минатиот месец британските медиуми објавија дека ѕвездата избрала актерка која ќе ја портретира. Станува збор за Џулија Гарнер, најпозната по улогата на Рут Лангмор во криминалистичката драмска серија на Нетфликс, Озарк и серијата Измислување на Ана. Наградуваната актерка првпат била вклучена во проектот во 2022 година, откако беше подложена на исцрпувачка 11-часовна аудиција. Меѓу актерките кои беа кандидати за улогата се Сидни Свини, Флоренс Пју и Ема Лерд.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата