Познатата убавица открива дека има рак и шокира со начинот на лекување

4.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познатата убавица открива дека има рак и шокира со начинот на лекување

Одлучила да се лекува без употреба на класичната медицина.

Познатата манекенка и една од најубавите жени на светот, Ел Макферсон (60), ги шокираше сите кога за првпат откри дека седум години се бори со ракот на дојката. Таа во нејзините мемоари што наскоро ќе бидат објавени, „Животот, лекциите и учењето да си верувате себеси“, (“Life, Lessons and Learning to trust Yourself”) открива дека моментално е во ремисија и одбила хемотерапија и какви било лекови.

Фаталната Австралијка вели дека се одлучила за холистички пристап кон лекувањето - молитви и медитација.

Ел признава дека не ги послушала советите на лекарите, како и на членовите на нејзиното семејство и избрала, како што вели, да верува во себе и на тој начин да закрепне.

- Тоа беше шок, сосема неочекувано. Беше збунувачки на многу нивоа, но истовремено ми овозможи да погледнам длабоко во себе и да го најдам решението што ми одговара - вели Макферсон.

Таа одбила третмани на класичната медицина

Откако пред седум години направила лумпектомија (делумна мастектомија), лекарите ја советувале да направи целосна мастектомија, а потоа да прими хормонска терапија, зрачење и хемотерапија. Но, таа ја одбила класичната медицина, велејќи: Тоа беше одлична вежба за верувањето во себе и своето тело, и верувањето во природата.

Ел објаснува дека се молела и медитирала на плажата во Мајами, а потоа решила дека не сака да го лекува ракот со лекови, туку со „интуитивен холистички пристап“.

- Кога им кажав „не“ на стандардните лекови, тоа беше најтешката одлука во мојот живот. Но, ќе беше уште потешко ако го негирав моето внатрешно битие. Во тоа време ми се чинеше дека операцијата и хемотерапијата се премногу „екстремни“ – напишала поранешната манекенка.

Иако многумина ја нарекувале луда, таа напоменува дека направила цел план за лекување на ракот.

Имено, таа изнајмила куќа во Феникс, Аризона, каде што осум месеци холистички го „лекувала“ ракот под надзор на својот лекар, натуропат, холистички стоматолог, киропрактичар и уште двајца терапевти.

- Секоја минута што ја минував сама ја посветував на сопственото лекување - тврди таа.

Макферсон моментално е во клиничка ремисија и како што наведува, нејзините синови Флин (26) и Сај (21) ја поддржуваат во нејзиното лекување, пишува Дејли Меил.

Што е ракот на дојка?

Ракот на дојката е болест која започнува во ткивото на дојката, кога нормалните клетки на дојката ги менуваат своите својства (мутираат) и почнуваат забрзано и неконтролирано да се делат (размножуваат), создавајќи тумор и уништувајќи го околното здраво ткиво. Клетките во нашето тело имаат нормален клеточен циклус: тие растат и се делат, правејќи копии од себе по потреба („ќерки-клетки“) за да ги заменат старите или абнормалните клетки.

Исто како што примаат сигнали да растат, тие примаат сигнали да умрат кога се оштетени. Сепак, клетките на ракот не се однесуваат како здрави клетки, тие не само што преживуваат, туку и се делат и размножуваат – и покрај фактот што на телото не му се потребни, пишува beo-lab.rs.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата