Повозрасна жена паднала низ седишта на концерт на Роби Вилијамс, сега е во кома

18.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повозрасна жена паднала низ седишта на концерт на Роби Вилијамс, сега е во кома

Жената се бори за живот откако паднала преку шест реда седишта за време на концерт.

По падот жената во критична состојба итно била пренесена во болницата Сент Винсент бидејќи при падот се здобила со повреди на главата и лицето.

- Синоќа бевме на стадионот Алијанц. Бевме повикани поради 70-годишна жена која падна и имаше сериозни повреди на главата и лицето. Ја однесовме во болница во критична состојба - изјави портпаролот.

Според извештаите, таа сакала да се искачи малку повисоко за да добие подобар поглед, а потоа се лизнала, пренесува DailyMail.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата