Во оскуден костим кој едвај ги покриваше основните работи, таа изведе исклучително провокативно шоу, со елементи кои, како што велат многу корисници на социјалните мрежи, повеќе личеа на еротски настап отколку на концерт.
Облечена во проѕирен боди со длабоки прорези, Џенифер изведе заводлива кореографија за време на настапот - клекна пред еден танчер, седејќи на рамената на друг со своето тело притиснато на неговото лице, а потоа во близок контакт со трет маж додека сензуално допираше уште двајца.
Погледнете подолу како изгледаше настапот.
Реакциите на нејзиниот настап беа поделени. Додека некои го пофалија нејзиниот танц и напишаа дека тоа е само дел од сценскиот настап, други сметаа дека е несоодветен. „Вака изгледа кога ќе го допреш дното“, „Таа е убава и згодна, но ова не ѝ треба“, беа некои од коментарите на X.
Многумина веруваат дека новата песна е посветена на Афлек
Освен што ја запали сцената со својот настап, Џеј Ло изведе и нова песна за која се верува дека е посветена на поранешниот сопруг Бен Афлек. Емотивните текстови зборуваат за болка, личен раст и нови почетоци. „Песната ми дојде за време на една бессона ноќ“, им рече таа на публиката.
Во текстот, вели дека вистинската љубов започнува одвнатре и се заблагодарува за лузните што ја направија посилна. „Посилна сум, попаметна, подобра од кога било. Гледајте ме како се кревам од вашите урнатини... Ти благодарам за лузните што ми ги остави, ме научија дека ѕвездите светат посветло во темнината... Никогаш повеќе нема да ти дадам шанса да ме оставиш. Сè скрши, но сега сум непробојна“, пишува во делови од нејзината нова песна.