Расел е познат и како екс сопруг на големата музичќка ѕвезда Кети Пери.
Наводите беа изнесени како дел од заедничката истрага на Сандеј Тајмс и Канал 4 Диспече.
Четири жени обвинуваат за сексуални напади меѓу 2006 и 2013 година.
Бренд ги отфрли обвинувањата и рече дека неговите односи биле „секогаш консензуални“.
Во времето на наводните напади, Бренд беше водител на „ББЦ Радио 2“, „Канал 4“ и актер во холивудските филмови.
Истрагата е објавена на сајтот „Сандеј тајмс“.
Расел Бренд викендов објави видео во кое ги негира „сериозните кривични обвиненија“ за кои рече дека ќе бидат покренати против него.
Актерот и комичар рече дека добил писма од ТВ куќа и весник, кои содржеле „литанија од агресивни напади“.
Во видеото, објавено на YouTube и Twitter, Бренд вели:
„Помеѓу оваа литанија на зачудувачки, прилично барокни напади се некои многу сериозни обвинувања што јас апсолутно ги отфрлам“, рече тој.