Погребан е Бора Ѓорѓевиќ- детски хор ја испеа песната „Анѓеле“ (ВИДЕО)

7.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Погребан е Бора Ѓорѓевиќ- детски хор ја испеа песната „Анѓеле“ (ВИДЕО)

Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.

Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анѓеле“, а овој момент расплака многумина.

Во видеото, што го објави Телеграф погледнете ја најтажната сцена од гробиштата.

Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.

Роден е на 1 ноември 1952 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата