Почина глумецот Кари-Хиројуки Тагава

5.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина глумецот Кари-Хиројуки Тагава

Тагава е роден во Токио, но пораснал во САД, додека неговиот татко, кој е роден на Хаваи, бил стациониран во американските воени бази. Актерот вежбал повеќе разни боречки вештини, но ги напуштил затоа што не бил заинтересиран за борба и таков вид натпревари. Беше можеби најпознат по своите улоги во „Мортал комбат“, „Перл Харбор“, „Мемоарите на една гејша“ и „47 Ронин“. Тој глумеше и во познатиот „оскаровски“ филм на Бернардо Бертолучи - „Последниот кинески цар" (The Last Emperor).

- Почина опкружен со семејството и нивната љубов, рече Вајнер.

Тагава во 2015 година се преобрати во православно христијанство и доби руско државјанство една година подоцна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата