Почина авторот на легендарната песна од филмот „Титаник“ (ВИДЕО)

8.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина авторот на легендарната песна од филмот „Титаник“ (ВИДЕО)

Џенингс починал во својот дом во Тексас. Неговата старателка, Марта Шерод, рече дека тој имал сериозни здравствени проблеми во последните пет до шест години. Својата холивудска кариера ја започнал во 1976 година, а веќе во 1977 година соработуваше со композиторот Ричард Кер на песната Looks Like We Made It, во изведба на Бери Манилоу.

Џенингс беше примен во Куќата на славните за текстописците во 2006 година, речиси една деценија откако го освои својот втор Оскар за песната My Heart Will Go On, испеана од Селин Дион за филмот Титаник.

Првиот Оскар го доби во 1983 година за песната Up Where We Belong од филмот Офицер и господин. Во раните 1990-ти, Џенингс соработуваше со Ерик Клептон на песната Tears in Heaven од филмот Rush од 1991 година. Песната беше номинирана за Златен глобус и доби Греми за песна на годината.

Во текот на кариерата освои три Греми, два Златни глобуси и вкупно 25 различни награди.

Џенингс е роден на 27 јуни 1944 година во Тексас. Ја започнал својата кариера како професор на локалниот колеџ, а потоа и на Државниот универзитет во Остин. Соработувал со уметници како Витни Хјустон и ББ Кинг, а неговите песни се појавиле во 325 филмови и ТВ емисии.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата