По трагедијата, Тејлор Свифт го откажа и вториот концерт во Бразил (ВИДЕО)

19.11.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По трагедијата, Тејлор Свифт го откажа и вториот концерт во Бразил (ВИДЕО)

„Ова го пишувам од соблекувалната на стадионот. Донесовме одлука да го одложиме вечерашното шоу поради екстремните горештини во Рио. Безбедноста на моите фанови, изведувачи и персонал мора и секогаш да е на прво место. “ објави Свифт.

Потсетуваме, Ана Клара Беневидес починала на првиот концерт на Тејлор Свифт во Бразил. 23-годишната девојка починала откако доживеала срцев удар додека го чекала почетокот на концертот одржан на стадионот Естадио Олимпико Нилтон Сантос во Рио де Жанеиро. Потоа се појави снимка на која Свифт од сцената ги моли обезбедувачите да им донесат вода на обожавателите.

Имено, во Рио имаше екстремно високи температури, но организаторите не дозволија вода да влезе на стадионот. Повеќе од 1.000 посетители на концертот побарале медицинска помош.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата