По пет години се избричи Расел Кроу, фановите зачудени: Ти ли си тоа? (ФОТО)

21.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По пет години се избричи Расел Кроу, фановите зачудени: Ти ли си тоа? (ФОТО)

Последниве години беше познат по сребрената брада, а сега се одлучи за сосема поинаков изглед.

Ѕвездата на „Гладијатор“ сподели фотографија со своите фанови на социјалните мрежи, и ја покажа својата нова промена.

Во описот објасни и навести дека се работи за подготовки за филм.

- Актерски подготовки #20. Прво бричење од 2019 година – напиша актерот.

Фановите во коментарите напишаа дека Расел изгледа „20 години помладо“.

"Ова си ти сега?! Помлад од порано... Или заборавивме како изгледаш, хаха", "Добро изгледа! Убава промена се избричи. Има убаво лице кое го криеше зад брадата", "Изгледа 20 години помлад сега!“, „Се прашувам каков филм ќе снимаш, ова ти изгледа убаво“ - се само дел од коментарите за „новиот“ изглед на актерот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата