По Аца Лукас, во Македонија приведена уште една пејачка без работна дозвола

1.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По Аца Лукас, во Македонија приведена уште една пејачка без работна дозвола

Џејла Рамовиќ била приведена заедно со нејзиниот бенд откако полицијата открила дека настапуваат без соодветна работна дозвола, објави Телеграф.

За време на засилена контрола на угостителските објекти на главниот пат Кичево-Охрид, спроведена ноќта меѓу 29 и 30 ноември, полициски службеници од ОВР Кичево и РЦГП Запад влегоа во објектот каде што настапувала Рамовиќ.

- Пејачката Џејла Рамовиќ (23) и нејзиниот бенд – К.Ѓ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина, беа затекнати во објектот. Според полицијата, групата работела без работна дозвола, што е прекршок според Законот за странци - соопшти СВР Охрид.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата